Стојан си појде дома и уште од порта, ни не растоварени маските, почна разговор со Неда.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Мајка прозборе колку за да го почне разговорот.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Но Петре веднаш го испрати Пацето в село, а го тргна Толета на страна, оставајќи го Трајка со четниците и почнаа разговор двајцата: — Слушај, брат Толе! — почна Петре.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ќе можеш ли ти да се протутнеш преку Поле и да нѐ одведеш?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Пак се има некој ѓавол појавено, шо не собира муљазимот цело село — почна разговор Марко Попов.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Толе Паша се има поткажано некаде и агите — ајде по села за Кркање, краста да и јаде — одговори некој од купот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Веднаш почна разговорот, како сам да изнурка на површината, од длабочината на претоварените души.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
- Далеку е, - се согласи Шишман и малку му беше тажно во душата што почна разговор што не беше за зборување.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
А кога веќе почна разговорот за смоларата, тежината на летната запара исцеди од челуста на Отец Симеон решеност: „Не се враќам веќе таму.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
„Не сум венеролог.“ Очигледно Иван одговараше со стрпливост не знаејќи ни самиот како да го почне разговорот.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Во тој дух и го почна разговорот една приквечерина, додека го пиевме кафето по кусиот одмор попладнето, одбегнувајќи ја на тој начин, колку што беше можно, жегата на денот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Но и го зачуди тоа што таа почнува разговор на тема од којашто толку многу стрежеше поради стравот дека таа ќе го одврати од тој разговор.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
И почнува разговор за тоа кој од овие два начина за умртвување е почовечен.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
А ни тој немаше уста да почне разговор. Башмајсторот како да не го забележуваше, за сето време додека патуваа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тогаш Елена и нејзиниот колега почнаа разговор од нивната служба.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Многу се вознемирува кога ќе почнеме разговор за нејзиниот сопруг. Детето избегнуваме дури и да го спомнеме. Ја фаќа паничен страв.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Секогаш кога ќе го почнеше разговорот за тоа дека е крајно време да ја одведе кај своите, да ја запознаат, да ги запознае - тој одговараше дека нема време.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
На одарот од другата страна обично е испружен Бај Шишко, ако не потпевнува тогаш со гласовите на носот кажува дека не треба гласно да учам француски или руски за да не му го растурам сонот, меѓутоа не можам да сфатам како забележува или како станува свесен дека не учам и дека внимателно сум се спружил држејќи си ја главата со двете дланки зад тилот, тогаш се открива дека не ни спиел, не ни потпевнувал, туку само демнел миг кога ќе се опуштам за да почне разговор со мене.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Така го почна разговорот мајката Роса. Таа е едноставна жена, ама мудра и благородна.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Не ја потсетува зошто таа не дошла да го донесе Дончо на првиот час во училиштето туку ја испратила Митра, не почнува разговор за тоа што децата не се во едно одделение а не ѝ ни кажува дека на Пеличка ѝ се падна една многу добра учителка, Како онаа од Долнени, сакаше да проговори.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
По се изгледа добро живеат и нема зашто да му се поплачат на кадијата, кој често седеше со нив на кафе и ги пиеше порачаните од нив кафиња. Co влегувањето и двајцата направија темане, а кадијата стана и ги покани на еден од миндерлаците, а сам седна на својот стол и почна разговор. – Знаете ли што ве повикав, аџи? – Да чуеме, кади баба – одговорија во еден глас двајцата. – Да чуете, да чуете.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
- Значи сте од Македонија? – го почна разговорот домаќинот. – Јас таму сум бил едно десетина пати. За трговија.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Но, како да почне разговор за нив?
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Тој почнува разговор и í раскажува весел виц за лифтови.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Се обидував да почнам разговор, да се уверам во нејзиното поголемо присуство во животот отколку отаде него.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)