почне (гл.) - потрага (имн.)

Фотографијата ја оживуваше во мене мислата како да се почне потрагата по балканскиот тек на животите на Татко и на Окијар...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Не знаеше од каде да ја почне потрагата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Штом ја затвори вратата по неа, Рада ја почна потрагата по толку важниот таинствен пакет.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сакаше, но не знаеше од каде да почне потрагата. - Сигурно е со некоја друга.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)