почне (гл.) - живот (имн.)

Осумнаесетото лето откако почна животот, Иван, функционираше како прецизен механизам на часовник, се во одредено време: фудбал, стихови на класици, француска граматика, одмор. Беше и амбиција и умереност.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Како да ја нурнал главата во вода: над него и околу него бучливо зашумела реката на возбудата влечејќи го кон еден свет од чие дно тој тогаш со внатрешен вид на изгубен волшебник го следел насилникот како се оддалечува јуначки валмосувајќи ги со два прста мустаќите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Вака почнува животот во новите населби, зјапаше, низ дождливата завеса, во застаклените дупки на прозорците, без жива душа зад нив.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Направиле гу улицу како писта за полетање. Штета, црвено. Малку ќе причекамо...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Секако, таа пошла по него со подадени раце, разграштена, долгокоса, со солзи во грлото - Не оди, за мене штотуку почна животот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)