Не паметам точно кој, веројатно некоја од тетките имаше речено дека сум се родил во воденицата.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Поправо, тогаш се урна само нејзиното лево крило и покривот од таа страна, но зашто немаше кој да ја поправи (последниот од Акиноските кој живееше на Имотот, Јован Акиноски, уште во почетокот на колективизацијата, уште кога почнаа властите со сила да ги тераат луѓето да стапат во колектив, без трага исчезна од Потковицата) таа продолжи да се урива.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Водениците ги прегази времето и „Бабамов, Грличката, Аврамико и комп.“ кога ја изградија Мелницата и луштилницана за ориз, и тоа среде полето, кај Пребачево.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Одамна се мртви тие денови на младоста, но мене и понатаму срцето ме влече кон Пребег последното прибежиште на старите спомени.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Инаку ќе почнев власта и вистински да ја мразам.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)