Семејството практично не можеше да се напушти, а луѓето беа дури и поттикнувани да се грижат за своите деца на речиси истиот старомоден начин.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Јас ги поттикнувам да зборуваат за своите проблеми, преку слободни асоцијации, низ спонтан разговор, за да можам да стигнам подалеку од симптомите на нивната болест – до траумите од детството кои заедно со примарните нагони се закопани во нивното несвесно, и така да дојдам до вистинско разбирање на нивните болести и до излекување на пореметувањата кои се јавуваат кај нив во процесите на чувствувањето, мислењето и однесувањето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Благодарение на тоа што внимателно ги слушав моите пациенти, дојдов до важни сознанија за тоа како функционира човечкото суштество.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)