потскокнува (гл.) - како (прил.)

Младичот го јавна делфинот. И занесено обгрлени, тие итаа по синиот пат на срцето, потскокнувајќи како немирен, ослободен бран.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тенкиот свилен фустан полн со набори, се вееше, се пафташе како на силен ветер, а ѝ се пафташе и опашката од косата и ѝ поигруваа обетките и огрлицата на гушата спуштена на широкото деколте на фустанот и браздичката меѓу дојките кои при силното вртење потскокнуваа како да сакаа да излетаат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)