потрча (гл.) - кон (предл.)

МАНОИЛ: (Со гола кама во рацете потрчува кон вратата.
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Пците ги осетија стапките и потрчаа кон нив, но тие се затаија и пците се вратија назад, лаејќи на ветар.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И Боге од Бањи се враќаше кон колата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Коларот сепак успеа да скокне од колата и веднаш потрча кон главата на коњот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се слушаат чекори од трчање по скалата и потрчува кон вратата.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ана потрчува кон прозорците.) ПРВОТО ДЕТЕ: До... до... дојде... дојде Анѓеле!...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Најпосле главатарот го нави часовникот за да заѕвони и за да го избрка стравот и викна: - Ќе го пратиме белово дете да го најде лавот и да му ја земе сенката.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Им мавнав со рака и тие потрчаа кон мене со ластегарка в раце (држи се кроко, весело ќе е).
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Ја фрлив копачката и со полна глава нејасни и испреплетени мисли потрчав кон излезот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тој застана, го подаде јазикот кон неа и потрча кон пијаниот Русин.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Како исплашено срнче да беше: едно од Еврејчињата се откачи од Паља и во долги чекори потрча кон мене со извик на набабрените усни: - Немој... Зошто?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Пенчо го опцу а тој разбеснет потрча кон нас тропајќи со поткованите чизми.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Загледано пред себе со ширум отворени очи, потрча кон нас и одново падна в стапица.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Еразмо весело потрча кон мирната вода, опиен од нејзината бистрина.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Мама ќе потрча кон вратата, додека тато го стега наслонот на фотелјата со побелените прсти.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Но, Вера како тоа да ја крена, како да сфати дека состојбата на Ели е таква што ние двете со неа не можеме да ѝ помогнеме, стана брзо, ја завитка Ели во тенко ќебе, ја крена в раце и заедно потрчавме кон болницата.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Идниот ден отидов кај Зигмунд и го замолив да настојува доктор Гете да ја врати Клара во нејзината соба, и наскоро брат ми ми кажа дека неговиот колега ја прифатил молбата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се сврте, и потрча кон излезот на просторијата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И таа толпа, како и мртовците, повеќе зачудена отколку исплашена, густа, исклештена, со ревење свртена кон истрелите, јурнала без сопнување и во скокови со таква ненадејност што третиот истрел ни го слушнале ни можеле да го видат - сега од нечија кола летнало само парче иверка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Стрелецот, не стасувајќи повторно да ја наполни пушката, се исправил од зад сипаничава карпа и потрчал кон недалечно дрво за чија гранка со узди бил врзан оседлан белец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Плачело нешто во таа шума, врескало нешто толку жаловито и толку болно, што оној не можел а да не потрча кон таму по испаѓаните наврнати лимонести жолти лисја, меѓу сивите оголени стебла.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не мислејќи на тоа, веднаш побара да откорне со ноктите нешто од таа скочанета земја и да потрча кон црната прегладнета мечка, кон таа парталава мршарка, што одеше да му го земе неговиот лов, од тоа ноктите му прокрварија.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, сепак, потрча кон претсобјето со надеж дека ќе чуе некоја надежна вест.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Една од болничарките ја натера да се врати во редот, полека удирајќи ја по грбот, додека ѝ зборуваше со многу сладок глас: - „Наваму, убавице. Телефонот е ваму.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Марија потрча кон влезот на зградата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И ние, децата, збунети, без да ги разбереме зборовите на гостинот потрчавме кон Мајка за да ја известиме кој е четвртиот играч и што кажа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А пред тоа долу, уште пред да ја заобиколи барата, зелениот извор на некоја прсната подземна вена , ги следеа неговите ситни чекори очите на оперативецот Отец Симеон; ги чу трите продорни свирења и се подгрбави; загази во барата, ги размрешка ѕвездите во неа, скоро потрча кон Нојовиот ковчег.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во истиот момент еден човек облечен во црн костум, како за концерт, се појави од една странична уличка и потрча кон Винстон, покажувајќи возбудено кон небото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Бидејќи информацијата веќе беше стигната и до останатите службеници, неколку од нив потрчаа кон неа и ѝ го одзедоа детето.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Марија не ја беше забележала. - Марија, - ѝ свика и потрча кон неа и кон детето.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Сега, веднаш ќе ти ги донесам, ѝ зборуваше збркано Беба и потрча кон својата куќичка.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Иако мајка ѝ ја држеше за раката, таа ѝ се истргна и потрча кон Зоки.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Како што ни подбегнуваше, таа неочекувано потрча кон влезот во даскалницата кај што во вратата разговараа дедо попот и Петре Даскалот и застана на неколку чекори од нив со главата крената небаре ги прислушува што зборуваат.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)