Не ја одминавме во муабетот и млечната криза (тогаш мене ми пролета низ глава прашањето од што ќе се прават млечни чоколада ако кризата потрае подолго и баш тогаш ти се откри на левото рамо прерамката, боја чоколадна), скршивме и по некој лаф за здравјето и доброто расположение на нашите заеднички пријатели.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Сите што се сведоци на убавата бела и дебела снежна покривка на градот, сакаат таа да потрае подолго време оти не само што го остава градот мирен и тивок, туку и чист.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)