потпише (гл.) - договор (имн.)

Но таа идеја на Британците секако била задоцнета, имајќи предвид дека СССР, во август 1939 година, потпишал договор со нацистичка Германија за меѓусебна соработка, и заедно ја поделиле Полска.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Политиката уште повеќе: во интерес на профитот Соединетите Американски Држави одбиваат да го потпишат договорот од Ќото.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Австрија потпишала договор со Русија, дипломатите лошо се разбрале, се препиле, левото крило ќе го жртвуваме, непријателот ќе удри по него, а ние ќе го нападнеме центарот.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Следните неколку години работи како танчарка и стриптизета, по што потпишува договор со Вивид Ентертеинмент и започнува успешна кариера во порнографската филмска индустрија (за што е наградена со најпрестижните еснафски награди).
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Покрај поразот кај Киноскефалес, Филип В истата 197 г.пне. им нанел тежок пораз на Дарданците, со што успеал да ги зачува границите на Македонија и во 196 г.пне. потпишал договор за мир со Рим.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Содружниците можат да ја донесат одлуката за зголемување на основната главнина само по усвојување на годишната сметка, според којашто друштвото нема тековни и непокриени загуби од претходните години, и по усвојувањето на извештајот на овластен ревизор со којшто се потврдуваат фактите во годишната сметка (чл. 258, ст.2sq од ЗТД). 4.  Основач на трговско друштво е секое [физичко или правно / домашно или странско] лице – кое, заради основање трговско друштво, потпишало договор за друштвото, статут, односно изјава за основање ДООЕЛ (чл. 3, ст.1, ал.37 од ЗТД).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Британските ветувања не биле примамливи во тој момент за СССР.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Опасностите што ги предвидуваше Мисирков и стремежите што ги застапуваше Миловановиќ беа и реализирани: како министер претседател на српската влада М.Миловановиќ во февруари 1912 год. го потпиша договорот со Бугарија за завојување на Македонија, иако не ги дочека и резултатите од завојувачката војна.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)