поткрева (гл.) - од (предл.)

Вели Лазор и потпирајќи се на раце се поткрева од земја, но веднаш потоа присетувајќи се дека дали навистина ќе му биде простено зависи од тоа дали тој ќе ги послуша Максима и Костадина, одново се отпушта на земја и сиот очаен вели А кај ќе го најдам јас Хаџи Ташку за да барам прошка од него?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Косата ми се поткрева од величественоста на глетката.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Инаку постојано тонеше во бунило; му се заплеткуваа некакви полипи околу нозете и го тргаа надолу кон длабоките води во кои тој не можеше да дише; се задушуваше, скокаше, се поткреваше од креветот и дишеше лакомо од воздухот за да се поврати во живот; со погледот шеташе низ болничката соба и се мачеше да се дофати за нешто: за лустерот на таванот, за вентилаторот, за корнизите на прозорците, шишето обесено над него од чија течност му се полнеше телото за да му се врати силата; се мачеше да се дофати за било што само да не втонува надолу, да не им дава на полипите да го тргаат во длабоките води каде што не може да поземе воздух.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
По три дни, го видовме како занесено свири на свиралка изделкана од врбова гранка, чекори како да чекори кон небесата, се крева ко да го носи морско ветре и го поткрева од земјата, а по земјата, занесени од свирежот, лазеа безброј змии, со кренати глави кон свирката и кон очите на нашиот другар.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)