поткрева (гл.) - капаче (имн.)

II Училишната канцеларија бргу се исполни со чад од лулата на Англичанецот кој постојано ја држеше в уста и испуфнуваше полека, рамномерно, како да врви мало, минијатурно вовче или како да се поткрева капаче на малечко тенџерче ифрлувајќи пареа и издишувајќи; префрлувајќи ја лулата од едната на другата страна на устата, полковникот Стивенс испуфнуваше само со крајчињата на устата; чадот имаше пријатна миризба како на тукушто покосено сено и стркнато со роса.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ракијата му претекува преку уста. Врие, клокоти, и се покрева капачето. И пак: у здравље, здрами се, напи се!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)