Така се договорија: попот да зборува за сите, а тие да потврдуваат или да откажуваат кога ќе ги праша нешто султанот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Ми се нудеше можноста да го потврдам или оспорам, не без мал ризик, татковото искуство дека од егзил не постои вистинското враќање.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Во секој случај, таа средба, со сенката или со вечно живиот благородник и патриот Никола Леко кој изгледа редовно навраќаше во подземјето од далечната 1592 година (не поверував кога се сретнавме дека и Господ го осудил да престојува овде) за мене претставуваше голем настан бидејќи верував дека со негова помош ќе можам да потврдам или да преиспитам некои од сознанијата заради кои и се најдов во безизлезот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Перцепцијата на нови настани се состои од понатамошен процес на валидација којшто служи да се потврдат или негираат многу од нашите очекувања.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Го истопорија да седи на столот за сведоци и требаше само да го потврдува или да го одречува она за што ќе биде запрашан, а тој се правеше дури и непотребно невешт.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)