— Токму така, живи ќе ги изгориме овие пезевенци — ги потврди и овој кајмаковите зборови и веднаш се распореди да се донесе газија и шмркови да се запали куќата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Шефот на протоколот бездруго беше во тек со содржината на пораката, но бараше некаква потврда со која ќе ја потврдеше и мојата вредност.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Претензиите на Србија и Бугарија, од една страна, ни покажаа оти само конкуренцијата на тие две држави нѐ остава да робуваме уште на неопределен рок; од друга – тие претензии ни ја потврдија и без тоа познатата вистина оти во цела Македонија има само една, а не неколку словенски народности.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тие „инфериорни“ начини на зборување/ пишување единствено се признаваат ако се потврдени и придружени со „соодветно“ почитување на потврдените начини на зборување/ пишување. 62 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Другите начини на зборување/ пишување се нејасно прикажани или, се исклучуваат бидејќи тие се сметаат за инфериорни.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Нека дојде најпосле кој бил од битолските конзули, ќе видеме, — му одговори пак Јован и си ја приготви и другата бомба.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
А и татко ти, иако го викнаа за сведок, не можеше со сигурност да потврди и да објасни кој бил човекот што поминал покрај него а со кого легнала кутрата Босилка во таа нејзина единствена ноќ и со единствениот нејзин случај на платена љубов.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)