потврди (гл.) - идентитет (имн.)

“ Со што мора да сум искажал не вчудоневиденост од сексуалната ориентација на новиов пријател, која веќе, на мое целосно задоволство, ја имав утврдено, туку сум го искажал наеднаш сменетото чувство за неговото стојалиште во геј-милјето, како во некаков чуден базен каде што оние чинови на возрасен секс во каков што намерававме да се впуштиме се одвиваа на плиткиот крај, без многу опасност дека, од сите положби што ќе ги заземеме, нема да можеме за час да си го вратиме тлото под нозете, додека детските работи како што е слушањето бродвејски албуми... изискуваа од него да се предаде на речиси целосно нурнување во нешто за што мојот прв фобичен изблик потврдуваше дека е прилично длабочко. (22) ‌Бидејќи упатува на едно обликувачко, изолирачко искуство на несподелива сентименталност, настраната привлечност на бродвејскиот мјузикл – која го враќа геј-субјектот во неговото претсексуално, но екстатично уживање во „детските ствари“ и во сите тие срамни, незгодни емотивни премрежиња на самотното детство – им е многу потежок, многу погорлив залак на геј-мажите од возрасните задоволства на геј-сексот кои го потврдуваат идентитетот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Бери Адам, социолог и еден од изумителите на лезбејските/геј/квир-студии, вака ја срочил поентава: Сега сме во период кога различноста е главната точка на дневниот ред, а квир правоверноста не дозволува потрага по заедничност и нејзино претполагање сега откако за заедничноста што ја воспоставиле геј/лезбијските идентитети се обелоденило дека, всушност, никогаш не ни постоела (што е и причината поради која квир-теоријата никогаш нема да може да објасни зошто толку многу жени и мажи и покрај тоа одново и одново потврдуваат идентитет).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)