постои (гл.) - повеќе (прил.)

Понекогаш постојат повеќе смерови, како во бустрофедон, каде што насоката се менува во секој втор ред.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Второ, во материјална смисла не постои повеќе ништо за што би се војувало.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој збор не можеше да се употреби во неговото старо значење како „ политички слободен“, или „ интелектуално слободен“, зашто политичката и интелектуалната слобода не постоеја повеќе дури ни како концепти, па според тоа беа и безимени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дали контролата на Партијата над минатото е помалку силна, се прашуваше тој, затоа што едно парче доказ што не постои повеќе некогаш постоело ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А кога сеќавањето откажало и кога записите се фалсификувани - кога сето тоа се случило, тврдењето на Партијата дека ги подобрила условите за човековиот живот мора да бидат прифатени, затоа што не постоеше повеќе и никогаш повторно не ќе може да постои каков било стандард со кој тоа ќе може да биде проверено.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И понатаму беше вистина дека луѓето не се еднакви според вродените способности и дека функциите мора да се специјализираат така што едни единки би имале предност пред други; но сега не постоеше повеќе никаква вистинска потреба за класни разграничувања, или за големи разлики во богатството.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не постоеше повеќе Диме за мене, не постоеше ни вчера ни утре. Постоеше само моментот на занес.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Ако постојат повеќе барања, судот за сите тие барања по правило ќе одлучи со една пресуда.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
При т.н. споени парници, судот може да донесе и „делумна пресуда“ (в. чл. 315, ст.7 од ЗПП). 4.  Со пресуда судот одлучува за главната работа и за споредните барања.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сето тоа и како да не постоеше повеќе; чунки сѐ со него и да се состоеше само во оваа пеколно збивтање; ако не беше онаа топлина зад еден далечен рид напред, што го влечеше неговото сознание и преку тој непроодлив простор меѓу нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Не постои повеќе овде за тебе,“ ѝ викнал едниот од браќата, ја грабнал за рамената, и ја истуркал од креветот. „Те водиме дома засекогаш!“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Добрата Душичка ги пружила рацете кон масичката до креветот, заграбила неколку коњчиња, цветови и ангелчиња направени од дрво, и успеала да ги пикне во џебовите од ноќницата пред нејзините браќа да ја зграбат и да ја изнесат од просторијата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)