постои (гл.) - на (предл.)

Слични отвори постоеја на илјадници или десетици илјади низ целата зграда, и тоа не само во секоја соба, туку на куси растојанија и во секој коридор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И обајцата беа обземени од возбудата дека во нивните библиотеки се кријат книги за кои тие никогаш не знаеле дека можеле да постојат на Балканот, а им биле насушно неопходни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Физички не постои, ебате беља! Не постои на начин на којшто диносауруси денес не постојат!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Го жалеше Ивана, веруваше од својот корен - тој е презафатен во болницата со луѓето за да верува дека освен болестите постои на светот и друга опасност...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Па едно будилниче, кога сега би постоело на колибата, добро би можело да послужи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
СТЕВО: Молам? САРА: Литературата постои на хартија, сликата на платно, а музиката? Каде постои музиката?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Претходно, овие работи беа под надлежност на Агенцијата за приватизација, која со измените на овој закон од 2003 и 2004 година, престана да постои на 31 март 2005 година.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Како последица на развојот на технологиите за надзор, „границите сега постојат на друго место... на места кои традиционално им припаѓаа на суверените држави, но сега се трансформирани за да им овозможат на владите надвор од своите географски граници да го проверуваат личниот идентитет и да го следат движењето на луѓето пред тоа движење воопшто и да се случи“.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Преку процесот познат како „обезграничување“, функциите на границите сѐ повеќе навлегуваат длабоко во територијата, сѐ подалеку од границите на територијата.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)