Постоеја моменти во кои нервите толку му откажуваа што почнуваше да вика за милост уште пред да почне тепањето и кога само погледот на една тупаница повлечена за да зададе удар беше доволен да го натера да почне да признава вистински и измислени престапи.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Имаше и други моменти, кога беше решен да не признае, кога секој збор мораше да му биде изнудуван меѓу два лелека од болка, а постоеја моменти и кога немоќно се обидуваше да прави компромиси, велејќи си: „ Ќе признаам, ама сѐ уште не.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Постојат моменти кога човек извршува симболично самоубиство, уживајќи во сопственото исчезнување и понижување: тоа се моменти кога човек сака до толку да се понижи, што да падне сосема ниско, а да ги убеди другите дека таму доле, му е сосема добро и дека е задоволен.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)