Всушност, Дерида го историзира дискурсот на Хајдегер во рамките на една грчко-западна парадигма која отсекогаш копнеела по - и теоретски претполагала - една недопрена изворна присутност, постоела таа или не.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Таму, каде што никогаш нема да пропадне она што еднаш веќе пропаднало, а сѐ пропаднало веќе еднаш, таму каде што сѐ е зачувано и заштитено во вечноста.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Но, постои и другата можност – сето време да постои ‘некаде’ во вечна сегашност, во некоја друга димензија; постои таа можност во паралелно и синхроно пулсирање да постојат сите времиња, сѐ што било, и таму, во таа друга димензија, да се ‘преселува’ сѐ што сега е, и сето она што некогаш ќе биде; и само таму, и само така, при средбата на сите временски слоеви и сите егзистенции, сѐ ќе ја сознае сопствената смисла, онаа што ни е неодгатлива во ова минливо постоење.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Не знам дали досега веќе кажав: Фала му на бога (или ѓавол да не земе) што постои таа политика, тие национални и либерални, та животот станува спротиставен, па затоа и жив.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Но сè уште постоеше таа блага надеж, дека постои некоја можност на тој начин да ја ослободи сенката на Рози од здробената тежина на тие блокови и да ја уништи смртоносната маѓија.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
IX. Беше една друга врата во внатрешниот ѕид од собичката, кон која водеше еден широк премин, и за која, ако се погледне подобро, и како да постоеше таа собичка; една врата, на која ѝ беше подредено всушност сѐ во живеалиштето, и Змејко полека се доближи до неа и ја отвори.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)