За постилање ли биле, за завивање ли, тоа отпрвин не можела да разбере, ама кога веќе се наредувале, видела дека за завивање носеле некакви меки завивчиња што ги викале јоргани, а тие, шарените, ги постилале во одаите.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Му запира срцето и некое облаче од над него му се постила во очите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- „Така“, - одговара кратко и решено Соколе и самиот оди, го пренесува јастакот и покривачот и постила во дворот.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)