постигнува (гл.) - со (предл.)

Заштедите што се постигнуваат со избегнувањето на тестирањето на огласите пред да се емитираат се смешни во однос на можните загуби кога преку мас-медиј се испраќа погрешно формулирана порака.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Младите дигитални алхемичари во своја команда имаат орудија на разјаснување и моќ кои нивните претходници не можеле ни да ги замислат. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 44
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во тој исклучителен момент на повторно доаѓање, чувствуваше многу јака желба да биде поседуван од друго тело, поинаква материја во која мислите под некој друг агол би паѓале врз неговите раце, агол под кој мозокот би му работел позабрзано или воопшто не би постоел, постигнувајќи со тоа доближување до сегашноста или некое друго место во кое би можел сопствената рака да ја види од поодблиску и подалеку а да биде тоа истата таа, неизменета во својата припадност и внатрешна предодреденост за таква и ниедна друга форма, а тој сепак да не го мисли тоа и да не мора да биде во тоа така што постојано да мора да се навраќа кон истите нестварни помисли кои го одвраќаат од блискоста со она кое го има заборавено - но чувствува дека може да го сети, бидејќи го насетува, кога успешно би ја совладал пречката, би се надминал себеси или нешто слично, би прешол од другата страна (на истото). 48 Margina #1 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Беше на моја возраст, малку глупава, но многу работлива; сѐ постигнуваше со работа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Архетипската димензија на романот е препознатлива и во контекстот на преиспитување на одредниците зло/добро, кое Башевски го постигнува со постојаното одбегнување на веќе освоените знаења, со поместувањето на точката на посматрање од еден на друг нараторски глас, со неможноста да се установи каде се наоѓа вистината.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Психичките подвизи“ на телеприсуство и акција-од дистанца се постигнуваат со селектирање на една од опциите на менито.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)