постигне (гл.) - цел (имн.)

Успехот тука се подразбира, но не се цени доволно, зошто брзо и лесно ја постигнуваат целта.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Со таа злобна реченица ја постигнав целта, оти Луција ме прострела гневно со очите и рече: „Би замолила да внимаваме што говориме овде и да не го навредуваме народниот дух и Партијата што стои во негова одбрана“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ако на човекот не му е погодено и не му е дадена љубов кога е помал, едноставно не може да ја постигне целта, небаре крилата да ти се скастрени, спечени, па не можеш да полеташ, барем според мене.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тие се определиле за индивидуални револуционерни акции сметајќи дека на таков начин побрзо и со многу помалку жртви ќе се постигне целта.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
— Е, другари, одовде натамо јас ќе ве вода. — Проговори Толе и се ококори како човек кој си ја постигнал целта.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Јас очигледно нема што многу да кажам, туку кажувајте ги вие своите љубовни доживувања, - со предизвик ја постигна целта.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Нема што, досетката на Томо ја постигна целта.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ја постигнаа целта, видоа и беа видени.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)