постапува (гл.) - со (предл.)

Претпоставените постапуваа со него некако студено- деспотски.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А сега немаше кој да ја брани.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И таа како да ми даваше свои инструкции како да постапувам со палестинското прашање.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нема да постапуваат со неа како што постапуваа со мајка ѝ.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Разбрав, си реков помирливо во себе, и уште си реков – овие поим немаат како се постапува со мали деца, а ми се прават многу умни.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но немав избор, па се помирив и ги послушав, тајно решавајќи страшните приказни да ги одложам до Маврово, за некое време кога насамо ќе останам со Дена.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)