Можеби таквото чувство беше резултат на неговата увереност дека раководителот на службата си ја познава работата и нема да постапува онака несигурно и со многу нерасчистени пречки како службеното лице од пред малку.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Зар не побара Црн Киро, од претседателот на судот, на она судење на домашните предавници, да го доведат големиот ѓавол за да потврди и самиот дека тој му бил наредбодавецот да постапува онака како што постапувал со борците за слобода?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Мислам дека имала добра причина да постапи онака како што постапила.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Иван рече дека можеби имам право.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Мене ќе ме обесите“, му викна тој на претседателот на судот Груица, „ама оној, главниот, ќе остане и по мене за да ви ги мати работите. Нема да куртулите од него“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)