Потоа, пропишана е обврска за работодавачот да обезбеди здра- вствени прегледи за своите вработени најмалку на секои 18 месеци и проширено е правото на работникот да одбие извршување на работа со вклучување и на правото така да постапи во случај ако претходно не биде информиран за сите можни опасности и штетности, или ако работодавачот не му го обезбеди пропишаниот здравствен преглед.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
За чашата негова се говори дека чашата била полна ѕвезди, и дека на папок личела, и дека во неа Соломон ја гледал судбината своја и ја црпел мудроста своја, како од книга, и дека таа му велела како да постапува во војна а како во мир.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
• 2007: проширување на правото на работникот да одбие извршување на работа со вклучување и на правото така да постапи во случај ако претходно не биде информиран за сите можни опасности и штетности, или ако работодавачот не му го обезбеди пропишаниот здравствен преглед (Закон за безбедност и здравје при работа);
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Нашиот пријател не измисли ништо ново, едноставно, постапи во стилот на многутте музички, филмски, книжевни ѕвезди.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Со оваа мисла Климент Камилски ја напушти Татковата библиотека, готов да трага по најкусите патишта меѓу книгите за јазиците, поранешните и новите, донесени од Париз: како да постапи во заедничкиот наум со Татко да ги ослободат нивните мајчини јазици од зборовите од османскотурско- персиско-арапско потекло, посебно тие со опасна конотација за нивните потомци на Балканот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но овој факт не треба да нè заслепува; тие и премногу знаат за смртта, толкупати поминале под нејзината сенка, а притоа платени се да постапуваат во името на животот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Вака не само што ќе го јадеш истиот ќотек, туку и душата ќе ти се истопи премислувајќи што и како ќе постапи во моментот со тебе помошник-управителот, другарката Оливера Срезоска.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)