И ќе мораат да си наоѓаат начини како да ја разберат, да ја примат и да се постават кон хетеросексуалната култура кои ќе го изразуваат или ќе го вјадруваат отсуството на нивна субјективна сообразност со нејзините протоколи.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ја објаснува двојноста на геј-свеста, ја објаснува таа хиперсензитивност за вештачката природа на семиотичките системи – хиперсензитивност што толку видливо се изразува во кампот и која ја создава онаа особена артилерија од херменевтички техники што геј-мажите ги еволуирале за да ја разобличуваат лукавштината на општественото значење и за да ги извртуваат нејзините кодови и означители на иронични, софистицирани, пркосни, суштински театрални начини. 475 И затоа е благотворна за создавање на геј-културните облици и стилови со кои се запознавме.
Сѐ додека настрани деца се раѓаат во хетеросексуални семејства и во општество што е нормативно, поимски хетеросексуално и сѐ додека се и понатаму отуѓени од хетеронормативните општествени облици, ќе мораат самите да си осмислуваат сопствен нестандарден однос кон хетеросексуалната култура.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Обликувањето на машкиот геј-субјективитет во едно изворишно искуство на неавтентичност на многумина геј-мажи им дефинира што е тоа да се биде геј.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Нам општествените премрежиња на самото наше постоење ни налагаат да играме улога што подразбира лажирање на сопствениот субјективитет.
Тие општествени услови имаат голема објаснителна моќ за појавите што ги проучувавме тука.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Камилски не доцнеше со потврдата на Татковото претчувство, и тој предложи да се задржат на зборот душман, душманлак антонимично поставен кон зборот пријател, пријателство, како претходно третираната синтагма ајде, ајде јаваш, јаваш во филозофски контекст.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко, убеден дека јазикот на пријателството не го прават зборовите туку значењата, навидум се сложи со предлогот на Камилски, верувајќи дека, сепак, тој до крајот на мисијата ќе го промени своето мислење...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Геј-субјективитетот секогаш ќе се обликува од исконската потреба на геј-субјектите да ја настрануваат хетеронормативната култура.
Тоа нема да се смени.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)