Пелагија не ја послуша веднаш мајка Перса, на работа продолжи да оди како и порано, со ветвата шамија во која го криеше лицето, а и со излитените пантолони на Димостена, со чувство на вина што не ги оставила со другите пљачки кога заминуваше од неговото одајче.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
- Веднаш, - ни шепна на уво, - убеди ја сестра ти да ме послуша веднаш. Ти тоа умееш да го сториш.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)