посети (гл.) - свој (прид.)

А ако ќе им се присака да одат да посетат свои роднини или пријатели, мораат да се обратат до народната власт за да им издаде дозвола, значи пропусница за движење и со поздравот „Смрт на фашизмот - слобода на народот“ се движеа со ливчето в рака или в џеб, сеедно...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
По овој настан, во градот се расчу дека Мајка Тереза ќе го посети својот роден град.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во текот на наредниот викенд Летка го посетила своето семејство во Лаврион каде што нејзините имаат викендица во неделата вечерта по телефон му се јави на Едо: „Да!“ рече со изразита нагласеност. „Таму сум. Среде твојата прикаска!“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сардисан од овие неведри мисли одненадеж реши да ја посети својата Срцка, единствената светла точка во ова тмурно време.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)