Не моли: туку наредува со шепот и со растреперени прсти го бара неговото тело.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Посегна во пазувата, го извади својот часовник и ми го даде.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Му се приближил штркот до меца, одејќи на големо, и му посегнал во грло, та му ја извајл коската.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Развлечена, тешка, длабока, глува, ту тивка, ту гласна, набожна, скриена, тажовита, здавена, жалосна воздишка кај жените.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Јас тебе су ти ногу борч и сакам ваа вечер малку да ти се одборча, — и посегна во пазамарката, та извади една пара.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Со растреперена рака посегнува во пазуварката и, кога ја отвори широката испечена и испукана дланка, жените видоа свиткано ливче хартија.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Крстовица полека свртува глава, погледнува во својата црна шамија распослана на подот и тивко, одвај чујно, изустува: - Ајде, синко, стани на мајка, стани... Стани, Ристеее!...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)