Веќе немало никакво сомневање дека британскиот политички естаблишмент ќе треба да му посвети посебно внимание на сега активираното и за нив познато "македонско прашање" од историјата, кое сега преминало во повисок стадиум како "македонско национално прашање", поради што претставувало реална опасност за нарушување на британските интереси на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Тоа ме загрижи, но не сакав да му посветам посебно внимание. ***
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Татко најмалку очекуваше дека оваа турска неодредена заменка, од арапско потекло (на турски falan, на арапски fulan), но набргу, откако Камилски реферира за нејзината генеза и значење (некој, тој и тој) и посебно за фактот што големиот француски славист Андре Мазон ја анализирал и ѝ посветил посебно место во своите Документи, познати како Словенски прикаски и песни од Југозападна Македонија (1923), забележани за време на Првата светска војна, кога како резервен офицер на француската Источна армија, со други илјадници француски резервни офицери, голем број интелектуалци од најразлични професии, ќе се најде на Балканот, посебно во Македонија и во Албанија.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Овие интелектуалци, најдени среде ужасите на војната, вкопани со месеци во рововите на смртта, во интервалите кога биле поштедени од смртта, го следеле животот на луѓето крај нив, нивната природа, песни и јазик, носии и обичаи, во надеж дека заедно ќе преживеат.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој помисли на ќерпичот во својата Историја на Балканот низ падовите на империите да му посвети посебно место.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски беше сигурен дека оваа заемка ќе добие посебно место во листата на (без)опасните османизми...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
ДА - МАКЕДОНИЈА ВО ЈУГОСЛОВЕНСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НЕ - ОБЕДИНЕТА, НЕЗАВИСНА И САМОСТОЈНА МАКЕДОНИЈА Парцијалните извештаи од раководителите на британските воени мисии за политичките ставови на македонските политички и воени раководители, како што видовме, ја подигнале мобилноста на британскиот политички естаблишмент.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)