Грците, поправо грчките четници — андарите и нивните архиготи и капидани, пораснаа во очите на заспаните селани и кои почнаа масовно да се навалаат на страна.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Убав, млад, рус како неа, јак и снажен како 'рслан, неженет, како си мислеше таа и како ѝ се кажа Толе; работник — минер. А уште кога се слушна во логорот дека го турнал Ѓузепа во тунелот и му ја зел мартинката на Аќифа, Толе порасна во очите на сите работници и работнички, а најмногу во очите на Проќа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Сите беа капењи - војводи и на малите и на големите партизански одреди кои пораснаа во бригади, дивизии и корпуси.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Беше преубава Турчинка која живеела и пораснала во Охрид, па се омажила со Македонец кој живее и работи во Америка.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Лете Ристос си игра со дечињата во дворот Полни ведро од бунарот Ги полева како цвеќенца другарчињата Навечер собира светулки со нив И се тркала низ покосената ливада А кога ќе заспие во тревата Кога ќе порасне во сонот Кога ќе заприлега на момче Од ридовите на летната ноќ Ќе се покаже Дева Марија За да си го прибере Исуса И го засолни Во ѕвездената постела на светото писмо Ние така заспани во трева И не ја видовме белата шамија во која беа завиткани клинци И не чувме како одѕива во ноќта Некој дури ни го ковеше крстот.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Каде песниве ќе пораснат во надежни песни.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
И само да кажам, дека пораснаа во деца за пример... а баба Марија?
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Орце пораснал во многудетно семејство; имал 4 сестри и едн брат Миле, чија херојска смрт во редовите на Македонската револуционерна организација е опеана во една од најубавите македонски народни песни.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
И не само лицето - и гласот му бил чуден, со подмолно длабок звук во нејасно развлечените зборови. Не го разбрале.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Чекале тој глас да порасне во него, да го напне, да му ги расфрла ситните парчиња на распаѓањето, онде, по рудината со заборавен пат од непознати времиња, а тој уште чекорел кон нив небаре и самиот се плашел навистина да не се распадне на педа од отворениот гроб, од незасилениот пламен во јамата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Блефира ли, или вистина има пријатели на високи позиции.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
„Бездруго, еминенцијо”, рече Беренц погледнувајќи со интересирање во ведриот, но авторитетен духовник, кој по оваа реплика уште повеќе порасна во очите на есесовецот испратен во оваа европска провинција.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Бартелми е роден во Филаделфија 1931 г., пораснал во Тексас кадешто работел како новинар пред да се пресели во Њујорк.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Кога ќе пораснеш во друго поимање
ајде пак да бидеме истородни болки
и ако тоа „пак“ го нема, Нурудине сине
да мине докрај сѐ што иде, барем ќе се биде
сега дојди петкамен да се играме во бесчас
дојди среќите да си ги измислиме без нас.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)