порасне (гл.) - дете (имн.)

Под таа јаболкница често се правеа семејни собири, пијанки, ручеци, зимници, романтични вечери, интимни средби..., а она со кое секогаш беше украсена е лулашката на која пораснаа децата.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Основците копнеат да станат гимназијалци, гимназијалците студенти, студентите копнеат да најдат работа, вработените да се оженат, оженетите копнеат по стан и да им пораснат децата за мирно да се пензионираат, пензионерите копнеат за здравје, а сите копнеат да умрат, и мртви копнеат да се родат за пак да се условно живи, во нов расчекор со себе.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Кога снема веќе сила за ништо, Кога откажаа рацете, коските, видот, Кога ги фрли теслата, мистријата, височето, Кога се растури коритцето, Кога престанаа да го викаат на другите да им прави куќи, Кога му пораснаа децата, кога ги одгледа, Кога се растурија кое-каде - Мајсторот почна да ја ѕида својата куќа.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)