поправи (гл.) - положба (имн.)

Но, тој добро знае - сето тоа не може да му ја поправи положбата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Германската влада атентатите ги сметала за опасна ескалација на македонската криза и ги прогласила за дело на Бугарија, го зела во заштита султанот, тврдејќи дека февруарските реформи, коишто според замислата на владите на големите сили требале да ја поправат положбата на христијанското население и да го неутрализират револуционерното движење, не можеле да се реализираат не по вина на Високата Порта туку по вина на Бугарија и индиректно на сама Русија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тоа во Грција ги потсетувало на 1875-76-78 година, кога покорените словенски народи востанале против османската власт и кога за нив, главно, Европа се заангажирала да им ја поправи положбата преку наложување реформи на Турција.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)