Таа не е ни мршава ни дебела, туку со шарм ја пополнува својата униформа со боја на орхидеја.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Во нив како во времето на ембаргото (кога со часови се чекаше за леб и млеко) колона луѓе со часови чекаат во смрдливата и зачадена кладилница да си го пополнат своето „свето ливче” и со само 50 денари да лапнат минимум 200 евра.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Истите тие „кладилничарски џанкери” откако ќе го пополнат својот тикет наликуваат на најголемите џанкери од Кисела Вода и како млади зелени мајмуни трчаат во своите домови да го вклучат телектекстот и да видат шо напраиле.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)