Поможи ми, мори мајче! И на вој век и на тој мајка ќе те знам. Земи, земи, одврати му ти вода, јас ќе му пеа љубовна песна, белки ќе го нападиме натемато од него, да се прибере, да си го земиме воа сиромашчето.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Аман, Арсене, пријателе, поможи ми! Кажи ми што да правам!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ПОЦКО: (По него, крстејќи се со широки гротескни движење.) Господе боже, кога овој будалест син не ме остави сам да си поможам, поможи ми ти, господе, дај ми кум каков си сакам, па ќе ти запалам в црква свеќа како греда!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ЦОНКА: (По него.) Поцко, синко, не прави такви шеги со господа! Слуша тој и кога шепотиш, знае и што ќе помислиш.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
А, ми текна! Скриј се во колибава.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)