помогне (гл.) - од (предл.)

При товарењето Анѓа му помогна од срце и ни најмала срџба или незадоволство не покажа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Формирана и помогната од страна на големиот педагог и менаџер Николај Назаров, таа има брилијантна пејачка кариера на најпознатите сцени во светот.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
ИЗДАВАЧ ООЗТ КНИГОИЗДАТЕЛСТВО „НАША КНИГА“ - СКОПЈЕ * Директор МЕТОДИ РАЗМОВСКИ ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ ПИРЕЈ Коректор ПЕРО МИЛЕНКОСКИ * Печатено во Печатницата „Нова Македонија“ - Скопје Тираж 2.000 примероци Издавањето на книгава финансиски е помогнато од Републичката заедница на културата - Скопје 886.6-31 АНДРЕЕВСКИ, Петре М. Пиреј / Петре М. Андреевски. - Скопје : Наша книга, 1983. - 261 стр. ; 20 см. - (Едиција македонска книжевност, Одбрани дела / Петре М. Андреевски ; избор и редакција Слободан Мицковиќ ; уредник Видое Подгорец) НУБ„Кл. Охридски“ - Ск.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со кос замав ја завртев секирата околу себе кон нивните утроби да им помогнам од една глутница да станат две, да ги закитам со црвени појаси од кои се параат конци.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Таа крпеше алишта замајќи ја дома излижаната сингер-машина на рачен погон, дуќанот го дадоа под кирија на еден млад мајстор на кого заедницата за алал му купи нова машина, а Јехуда да чиракува кај мајсторот-кираџија, скрпувајќи го животот малку од киријата, нешто помогнати од семејството, и нешто од заедницата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Беше чуен по добрите кројки и особено по прецизниот штеп.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Волкот изеде ждребиња, телиња, јагниња, јариња — како секоја година и секаде, но Стале го искористи овој материјал и помогнат од вдовицата Трна ги наплаши селаните да почнат со подготовките за манастирот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)