XII      Квечерината по богослужбата во која игуменот, отец Серафим, отец Иларион и сите калуѓери, се молеа господ да помогне манастирот да не се приклучува кон Албанија, полковникот Жино, шетајќи низ манастирот, ја виде црквата отворена, влезе внатре, виде дека нема никого и влезе да ги разгледува уште еднаш и подетално фреските што ги прикажуваат чудата на свети Наум.
               
             
           
            
            
              „Злодобро“
               од Јован  Стрезовски 
              (1990)