помисли (гл.) - тој (зам.)

Така си помислува тој и рипнува од јастак да ги изненади, да им се јави дека е буден.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Насмевни се и возврати барем збор со очиве мои од твоите да го поземам.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
На 'ртулецот да му запееме Си помислува тој на оние кои цел живот само копаат и прокопуваат, само ораат и ја преоруваат земјата, и се прашува: што копаа и што копаат тие, што ораа, што бараа од вековите, на што се надеваа, по што копнееја?
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Затоа реши и тој да се прибере во нефшлело од неговиот „пашалук", но сега не како паша, ами како обичен мариовец.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Ако се појави некаде некој трн, ќе ги пратам одовде“, — си помисли тој во себе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Ѓаволче“ - си помисли тој, а срцето му се ширеше како пролетен видик.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А оној другиот аманет на татко му, за наука, сега му ја дава способноста со ова перо да го напише она што му лежи на душата, си помисли тој и продолжи да пишува: „Тогаш еден меѓу вас, едноставен човек од народот што не го кажа името свое, ми рече: ’Павле, фалејќи ја нашата трпеливост и издржливост, ни кажуваш оти Бог нè сака и нè одбрал да бидеме Негов народ.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Одамна не сум танцувал“, си помисли тој, сè уште чекорејќи.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ќе подлипнат малку, кога ќе се најдат сами надвор, помисли тој, но ќе им биде многу полесно да продолжат, бидејќи само така ќе можат да ги избегнат сите оние работи, што му доаѓаат на човека тука.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мораше да биде така за него, дојден во овој свет на градовите, и никогаш не можеше ни да помисли тој дека е потребно нешто да се мени.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А само вчера, помисли тој, беше објавено дека следувањето ќе биде намалено на дваесет грама неделно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Нема начин за одбрана од тоа, помисли тој.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но беше убаво, а зошто и да не биде, помисли тој.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Најдобрите книги, помисли тој, се оние што ти го кажуваат она што веќе го знаеш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И така е, помисли тој, во сите навидум херојски или трагични ситуации.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ова, помисли тој со нејасно гадење - ова е Лондон, главниот град на Воздушниот коридор Еден, или третата според бројот на населението провинција на Океанија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Твојот најлош непријател, помисли тој, е твојот сопствен нервен систем.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Минатото, помисли тој, не е само изменето, тоа е всушност уништено.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Застрашувачкото, помисли тој по десетилјадити пат додека болно ги извиваше рамениците назад ( со рацете на колковите тие сега правеа кружни движења со телата од половината нагоре, вежба што божем требаше да биде корисна за мускулите на грбот ) - застрашувачко е што сето тоа можеби е вистина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Срцето му потскокна. Почна! помисли тој. Безредие!
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Колку е интелигентен, помисли тој, колку е интелигентен !
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Затоа ли ме подмами ваа старледина, да ме кине?“ — си помисли тој во себе и така му се стори одвратна, што немаше желба да ја погледне.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Да имав шмајзер, ќе ви кажев како се тргаат уши!“ - помисли тој и почна да вика како да го бара коњчето: - Дорчо, Дорчо, на на!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Ме чуле и се сокриле - помисли тој и мина преку дрвото од другата страна на реката.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
„Приказни со подобри завршетоци, помисли тој.”
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Пет минути, помисли тој. Времето истечува...неговиот рачен часовник... тркало во тркало... малото тркало завртено од... големото тркало придвижено од...пат сред...четири минути!... луѓето се сместуваат во ракетата од овој миг, капсулата, контролната табла засвети како Божиќна ноќ...
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
-„Барем пушката да ја чував“, помисли тој и праша:
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Ако не можам да си го осмислам животот поради оваа безобразничка, тогаш сигурно нема да дозволам денов да ми остане неосмислен – помисли тој.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)