Не го газеше белото платно, одвреме на време ставаше по некое дрвце во печката, и облечена така како кога одеше на работа, времето го поминуваше крај масата со неколку бели листови пред себе во обиди да напише писмо до Добра или до Чана.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Двајцата попови кои жестоко дебатираа дали во 2012 година Земјата ќе биде уништена затоа што така било запишано во предвидувањата на Маите или затоа што самите веруваме во тоа (а секако, доколку не биде, Скопје ќе направи импозантен исчекор во урбанистичкиот план), поминувајќи крај нас, само се прекрстија и рекоа: - Нека ви е Господ на помош, вам кои не ѝ плаќате данок на оваа кутра држава.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Штом поминуваа крај неа, ѝ се поклонуваа и оние што одеа в црква и оние што од неа излегуваа.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)