поминува (гл.) - ден (имн.)

- Збоктисана ми е теренскава работа и патувањево, па чекај три часа таму, па три ваму. Во чекање ми поминува денот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Му оставил аманет на пријателот да му ја чува вереницата. Поминувале денови.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Зад мојот грб собата во која ќе ги поминувам деновите, односно ноќите, зошто во следните месеци не ќе имам многу слободно време за одмор.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Поминуваат деновите, доаѓаат ноќите, тонат во инфинитет, пуштам тивка музика, легнувам на стариот кревет ги затворам очите и заспивам со истата ноншалантна рамнодушност со која се разбудив.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)