помине (гл.) - таму (прил.)

На Симона му се врати здравјето и тој сега одвреме-навреме оди до трансформаторот, но сѐ помалку време поминува таму.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И младоста сум ја поминал таму.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Јас за воденицата и за Пребег сум се фатил. Иди, искорни ме ако можеш.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Можеби настаните што сега ги спомнувам му припаѓаат на некој друг свет каде што останале да се бркаат сенките. Или нешто слично на нив!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но тоа ти е животот: ти го плевиш а плевелот и понатаму расте. Се фатил за земјата и не се пушта.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И, како што велиш, ако поминат таму, на Вичо, тогаш на каква кривина ќе се најдеме?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ајде, да одам да ги донесам. Ти чекај тука.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Милано е... многу бурно поминав таму, бидејќи го читав Третиот дел од “Empty Words” и само што почнав, публиката се размрда.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Изгледа дека некогаш сум поминал таму. А може да сум живеел таму.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)