помине (гл.) - цел (прид.)

Влегов во собата каде поминав цела една година од мојот живот.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Помина цела недела во исчекување на резултатите од биопсијата што беше извршена врз Томо.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Јас знам шо ќе си посакам! Знам! Сакам да ја запознаам мојата љубов, мојата животна љубов, оној со кого ќе го поминам целиот живот!
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Мирисот на јоргованите удираше силно од сите страни, тие уживаа во друштвото на другиот и не сетија дека помина цел час.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Јосиф го набрчка челото во знак на чудење, но спокојно продолжи по патот, решен да го помине целиот ден во безделничење, преместувајќи се од клупа, на клупа, а и како да не се преместува, кога на една фалеше даска за седнување, на друга даска за потпирање, на трета, ногарки...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Но можеби и ја примиле пораката од пиратот, бидејќи сѐ уште никој не дошол да ме побара, а веќе помина цела година.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
ПОМИНА ЦЕЛА ГОДИНА, завлезе во втората откако Анѓа пропадна во харемот на кадијата, и сѐ што можеше направи тој да ја наговори да се потурчи, па да ја нареди во редот на своите законити анами, ама не успеа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не ќе може да помине пет или шест месеци обидувајќи се телепатски да се пренесе низ времето.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Би можела да работи во крчмата и да најде некоја Индијанка да ѝ го чува бебето.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не ќе може да ја помине целата зима во приземјето на музејот каде имаат изградено макета на градот како што бил на почетокот, со пени-бонбони продавницата и 10-пени берберницата и бањи за четврт долар.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)