Учебната година помина без особени забележителности.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
„Ете, тие се злото на царштината и тие ќе ја урнат, а не овие домаќини луѓе што се креваат да си ги заштитат своите имоти и животи", — си заклучи тој и си отиде во Битола да му рапортира на својот бимбашија, а преку него и на самиот Бахтијара дека во неговото село зимоска убаво поминал без да имало причини за зулуми правење.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Ами знаеш ли дека Сефедин и мудурот во Витолишта најмногу пиштат од тоа село?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се знае. Кој доспеал во тој затвор не ќе се пофали со добра постапка; нема да помине без тесни долапи, ситен синџир на гуша, белегзии на раце и тежок тумрук на нозе.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Па затоа и Крсте и Ѓуро поминаа на тој ред и одлежаа по десет дена во тесните ќелии, стенкаа под тешкши тумрук и сите други стеги, но по десетте дена веќе беа во една од широките темни одаи, со уште дваесетина како нив, и почнаа да кркаат од тавите печено бравско месо и кисело млеко што им идеше од градот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се сеќавав на нашите ноќи поминати без сон во љубовен занос, во мислите ја доловував неговата несредена соба, пепељарата полна со отпушоци од цигари...
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Веројатно тоа беше и поради што гимназијата на почетокот, месец два, навистина беше Машка гимназија и прилагодувањето помина без црвенеење пред женски очи.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Знаеш, сѐ она што го зборувам за него, за Семјон, за рускиот човек што ти беше татко, кој и самиот се чудеше колку е Русин бидејќи мајка му била Украинка а таткото Козак, само е делче или така да се изразам најмалото делче од вистината за него, бидејќи тој, покрај мене помина без да го допрам; тој беше, ете, да не должам, една голема отсутност.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Овој век ми помина без него, ми рече, и оној нека ми врви без него.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Го прашувам Јона дали ќе ме пушти. - Оди, што ме прашуваш, ми вели Јон, толку години поминав без тебе, па зар два дена да не можам, вели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)