помине (гл.) - пат (имн.)

Соговорникот го погледа сомничаво.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Според планот централната колона (Третата македонска ударна бригада, Косовскиот и Гевгелискиот одред и единиците од врањското подрачје) требало да го помине патот кај Стразимирово, а потоа да нападне на Босилград.139 Меѓутоа, поради продолжувањето на бугарската офанзива и непланираното задржување на единиците на НОВ и ПО на Југославија во реонот на Црна Трава дошло до доцнење во извршувањето на поставените задачи.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Словаците се горделиви на Вах. Извира во Словачка и пак во Словачка, по 400 километри поминат пат, се влива во Дунав.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
ФРОСА: (крстејќи се). Со здравје да си оди, со лес да си го помине патот. Со лес и со чест да си спечали.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Сакам да ме подучиш на Занаетот. Крај тебе сакам да го поминам патот што води до Каменот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Малку беа тие кои го знаеја и можеа да го поминат патот до пештерата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)