помине (гл.) - ноќ (имн.)

Копнежливите очи ѝ згаснале како отсјајот на ѕвездите во пресушен бунар, а низ процепот се наѕирале само уште двете стаклести зеници.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тоа третата рударска група го извлекуваше дремливиот Шарлаган- кан за да ја помине ноќта во некоја куќа- бунар, со другите гардисти.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Утредента веќе не пеела, туку со слаб глас само прашала како детето ја поминало ноќта.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И поминаа денови и поминаа ноќи, а Трајко го нема и го нема и никој не знаеше каде заглави.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Беше убеден дека волците не се во состојба да му нанесат зло, освен ако се решат со денови да го држат во опсада, во што не веруваше, и најпаметно решение би било да седи затворен во колибата и да чека да помине ноќта, но нешто во него се креваше и го тераше да се стави во активна борба со волците.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)