И си рековме добро е што маглата е густа, така полесно и незабележани ќе ја поминеме границата.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Но штом ќе ја поминеме границата на Македонија, или на југ или на североисток или на север, т.е. во Грција, Бугарија, Србија, наеднаш ќе почувствуваме оти на нас дува веќе друг ветер; ќе почувствуваме дека ние таму сме само неканети гости.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Етхем-паша е накострешен. Тој му забележува дека ги поминал границите на пристојноста.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Ја поминаа границата и, преку Кочанско и Штипско, го преминаа и Вардар кај Богданци и ја фатија Кожув Планина.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- Не, не разбрав... – и кога сакав да го прашам што треба да разберам, слушнав силен тресок: - Бум – одглас на печатот врз картончето со кое, ако затреба, треба да потврдувам дека легално сум ја поминал границата.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Не може да му прости што не нѐ прибрал кога сме ја поминале границата.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)