полни (гл.) - уста (имн.)

Го залепи челото на стаклото и ги склопи очите задремувајќи со последно сознание - навистина, Јана веќе не сакаше да го гледа како пие, како војнички ја поздравува месечината, како ја полни устата со земја. Таа, Јана-Марија...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Снегот го штипкаше Илчо по обравчињата, му се пикаше во очите, му ја полнеше устата.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
- Зоби, зоби, чедо, - се топеше од милина старецот гледајќи го внукот како блажено ја полни устата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Само да ми се полни устата со вода, и само да ме подјадува околу непцата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Заклучонаја Тимјановна, как здарови?30 — Имам една рана на ногата, велам и ја полнам устата со валмиња чад.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И таа миризба ми ги копа непцата и ми ја полни устата со танка водичка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Тоа е омаловажување на братскиот бугарски народ, црка Панделеев, сапуница му се полни устата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја гледам како влече, како ја полни устата со чад.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Чувството дека остана сосем сама ѝ го раскинува срцето, ѝ ја полни устата со горчина, ѝ ги потсечува колената осамата што дојде со кобното војничко писменце.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
На врвот само легнав и не гледав, како другите, ни кон авионот ни кон ливадите, туку лицево го нурнав во влажната лединка и, зазбиван, ненаситно ја полнев устата со свежина што студено струјкаше низ тревата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Кога се врати во Виена му беше дијагностициран канцер, во октомври таа година му извршија две операции, во ноември уште една, му ги отстранија поддолновиличните жлезди, му ги извадија горната вилица и непцето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Вториот ден од патувањето му се откинало парче краста од незараснатата рана и едвај успеале да ја запрат крвта која му ја полнела устата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Само вода им се полнеше устата, ама не ги болеа непцињата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И ги полнат устите со месо, со ориз, со леб и губат здив, речиси се задушуваат, па мораат да џвакаат со отворени усти.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ги гледам како им се шират обравчињата, како им се полнат устите со вода.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)