полни (гл.) - срце (имн.)

- Што му подаде на оној? Се обидов да му објаснам; зборовите ми се запираа во грлото, ме давеа и ми го полнеа срцето со неизвесеност.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Но и на возачот, кој од селанец станал војник а од војник службеник, колку и да ги менувал воланите од голи до облечени, порадо му се ширеа носниците од комињето на грапата одошто од тафтабитите на вискито и повеќе му се полнеше срцето од шилерот одошто од гемиштот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А во селото и околината луѓето не еднаш велеа: - Кога запева Фимка, сонцето некако појасно и потопло свети, појот нејзин ја грее душата, ја смирува лутината, аргатската мака ја олеснува, ги полни срцата со некакво таинствено блаженство и замајување, маѓепсува, скротува, смирува, зближува, воздигнува и возвишува, а чучулигите губат лет во висина и славеите замолкнуваат, слушаат и љубоморат...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тревогата неусетно му го полни срцето со порив да се покаже, да се истакне, да го видат и чујат еднаш и него. Трубачот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)