покажува (гл.) - му (зам.)

Сакаше да ја потфати за левиот образ, но таа му направи ишарет со глава, покажувајќи му ги мудурот и заптијата, и тој ја тргна раката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Седни, - му рече Ангеле покажувајќи му место на гредата пред куќа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Одовде ќе одиме право кај кумот дома! Ајде!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: (Го запира Поцко и му шепнува нешто на уво покажувајќи му на колибата.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Таа се наведна и покажувајќи му ја црвената шамија го гушна.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)