Бидејќи дури и гламурозните жени, како што забележал Џон Клам, се жени од стрипови – кои изразуваат само делови од жените, аспекти на женственоста преувеличени до степен на бизарност – и бидејќи во женственоста има нешто изведбено и вештачко, исклучителната женствена гламурозност никогаш не е далеку од карикатуралност.
Колку е поизразена и посложена женственоста, толку е позгодна за пародија и толку повеќе води до губење на достоинството, до пад од сериозноста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Од таа причина, прикажувањата на женската абјектност не покажуваат секогаш – а и нема потреба да покажуваат – скромни жени, жени со понизок статус, осиромашени, болни, бедни и изнамачени жени.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)