покаже (гл.) - црвен (прид.)

И тогај, над нашите балкански предели кога да зажари лето, кога да надојде жетва, кога да згаснат сите други цветови, тоа сивкасто стебленце ќе проговори со сета своја тага: на врвчињата на боцките ќе се покажат црвени крунички порабени во жолто.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Треба да им однесам на пријателите во градот некое црвено јајце.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Селанецот место да застане, ја тргна белата крпа, со која беше покриена кошницата и внатре се покажаа црвени велигденски јајца.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)